Годишната потрошувачка инфлација во еврозоната достигна рекордно високо ниво од 10,6 отсто во октомври, што е под прогнозите, покажуваат податоците на Евростат објавени денеска.
„Бројката е зголемена од 9,9 отсто во септември и 4,1 отсто во октомври 2021 година“, соопшти Евростат.
Привремените податоци предвидуваа годишно зголемување на потрошувачките цени за 10,7 отсто за месецот. Порастот главно произлезе од повисоките цени на енергенсите, кои се зголемија за 41,5 отсто на годишно ниво во октомври. Следуваат храната, алкохолот и тутунот со скок од 13,1 отсто од пред една година.
Годишната инфлација во ЕУ достигна 11,5 отсто во октомври, во однос на 10,9 отсто во септември.
Највисоки годишни стапки се забележани во Естонија (22,5 отсто), Литванија (22,1 отсто) и во Унгарија (21,9 отсто), додека најниски се забележани во Франција (7,1 отсто), Шпанија (7,3 отсто) и во Малта (7,4 отсто).
На месечна основа, индексот на потрошувачките цени во еврозоната се зголеми за 1,5 отсто во октомври.
Цените на енергијата забележаа месечен раст од 6,2 отсто во октомври.