Гитаристи од различна возраст и од различни страни на светот ја свиреа песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“ и така обезбедија место во Гинисовата книга на рекорди             Фото: АА

Во Вроцлав дури 7.967 гитаристи се собраа на градскиот плоштад да ја отсвират песната на Џими Хендрикс „Хеј Џо“ и така влегоа во Гинисовата книга на рекорди. Меѓу присутните имаше гитаристи од сите генерации и од повеќе држави.

Во градот во југозападниот дел на Полска во последните денови пристигнуваа музичари во обид да постават нов рекорд.

Минатата година на градскиот плоштад се собраа вкупно 7.676 гитаристи и поставија Гинисов рекорд. Музичарот Лешек Цичонски го започна овој необичен настан во Вроцлав во 2003 година.

AA
Популарни