И принцот Чарлс се возел со единствениот пајтонџија во Призрен      Фото: АА

Кадри Пала е единствениот активен пајтонџија во Призрен, во југозападниот дел на Косово. Во неговиот пајтон се возел и британскиот престолонаследник Чарлс при посетата на Косово.

Семејството Пала речиси еден век ја одржува традицијата на возење пајтон во Призрен. Пајтонот кој се движи околу калдрмата Шадирван во центарот на Призрен привлекува внимание и кај домашните и кај странските туристи.

Кадри Пала ги следи стапките на својот дедо и татко и останува верен на занаетот останувајќи единствениот активен пајтонџија во градот. Пајтонот во минатото го користеле познатите личности од градот на историските улици на Призрен.

„Се вратив на професијата на татко ми поради економската криза по војната во Косово. Задоволен сум и од интересот за пајтонот и од зголемениот туристички потенцијал на Призрен“, нагласи Пала.

Фото: AA

Наведува дека со задоволство ја продолжува својата професија.

„Претходно, кога немаше автомобили, татко ми ги возеше познатите личности од градот. Пајтонот, исто така, се користеше и за пренесување на пациенти, за сунетски и свадбени церемонии.“

Рече дека неговиот пајтон станал симбол на градот и дека секој турист и да не се вози, задолжително се фотографира со него, како и дека имал можност да вози важни гости како што е британскиот престолонаследник.

Нагласувајќи дека туристите ги вози низ важните историски места на градот во времетраење од околу половина час, Пала рече:

„Претходно имаше 7-8 пајтони, потоа постепено исчезнаа, но ние го зачувавме пајтонот. На туристите им раскажувам за историската Џамија „Синан-паша“ и за Џамијата „Намазгах“.“

AA
Популарни