Саем на електромобили во Скопје: Електрично фиќо парира на Тесла

Во Скопје е отворен Саемот на електромобили, на кој се изложени автомобили на електричен погон, како и хибрид-автомобили. Саемот се одржува под мотото „Возиме на струја“. Посетителите ќе можат до 16 октомври одблизу да ги погледнат автомобилите.

Автомобилите на електричен погон, како и хибрид-автомобилите, се изложени во Трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје.

Љубителите на автомобили ќе имаат можност одблизу да ги видат електричните и хибрид-автомобилите од различни производители, пред сѐ од „Тесла“, „Алфа Ромео“, „Цитроен“, „Фолксваген“, „Опел“ и други.

Во рамки на саемот е изложено и првото електрично „фиќо“ во Северна Македонија.

AA
Популарни