Балони на топол воздух во разни бои се издигнуваат над Кападокија во Туркије (Турција)        Фото: АА

Балони на топол воздух во разни бои се издигнуваат над Кападокија во Туркије (Турција) на почетокот од третиот Меѓународен фестивал на балони на топол воздух.

Управувачите со балони кои учествуваат на фестивалот, покрај од Туркије, пристигнаа од Велика Британија, Белгија, Холандија, Луксембург, Швајцарија, Германија, Чешка, Бразил, Шпанија, Северна Македонија и Словенија.

Како дел од настанот што го организира „Паша балунс“, една од компаниите за балони на топол воздух кои на туристите им овозможуваат несекојдневно доживување во Невшехир, Туркије, на просторот на кој се организира 3. Меѓународен фестивал на балони на топол воздух во Ѓореме, балоните на топол воздух создаваат прекрасна глетка.

Балоните на топол воздух создаваат прекрасна глетка. AA

По завршувањето на подготовките, се издигнуваат на небото и летаат над долините, уживајќи во глетката на самовилските оџаци и природните карпести формации.

Мехмет Марашли, заменик-гувернерот на Невшехир и управител на Урѓуп, за новинарите изјави дека фестивалот, кој оваа година се одржа по третпат, придонесува за туризмот во Кападокија.

„Во Кападокија секој ден гледаме 150 балони на топол воздух на небото, но постоењето на обликувани балони, организирањето настани во текот на четири дена, ќе донесат една поинаква возбуда во регионот. Ќе бидеме домаќини на домашни и странски гости. Балоните и Кападокија станаа една неразделна целина. На фестивалот му посакувам многу среќа“, додаде тој.

Фестивалот, во чии рамки со раѓањето на денот започнуваат активностите за летање, а во вечерните часови се организираат концерти, ќе трае до 24 јули. AA

Халис Ајдоган, претседател на Управниот одбор на „Паша балунс“, изјави дека настанот создава шаренолик пејзаж.

„Веруваме дека ќе имаме убав фестивал благодарение на 16-те обликувани балони и 40-те локални балони на топол воздух изработени од нашата компанија. Кога ќе се спомене балон на топол воздух, прво што ќе ви падне на ум е Кападокија. Оваа година интересот за фестивалот е многу поголем. Со надеж дека следната година ќе го организираме еден од најзначајните фестивали во светот, посакуваме да ја зголемиме интеракцијата на фестивалот и на балоните во Кападокија“, нагласи Ајдоган.

Фестивалот, во чии рамки со раѓањето на денот започнуваат активностите за летање, а во вечерните часови се организираат концерти, ќе трае до 24 јули.

AA
Популарни