Во селото има 44 куќи, црква, училиште, хотел, кафеана, стар базен, спортски комплекс, па дури и стара касарна на жандармеријата.                Фото:  Wikimedia Commons

Село во близина на градот Замора во северозападна Шпанија, кое има 44 куќи, црква, училиште, хотел, бар, па дури и поранешна касарна на жандармеријата, се продава за 260.000 евра.

Проблемот со празните села во Шпанија во последните години особено порасна, а неретко можат да се видат огласи за продажба на десетици куќи, но и на цели села.

Интернет-страницата „Идеалиста“, која обезбедува услуги за недвижнини, објави дека селото Салто во градот Замора, во близина на португалската граница, е ставено на продажба.

Во селото има 44 куќи, црква, училиште, хотел, кафеана, стар базен, спортски комплекс, па дури и стара касарна на жандармеријата.

Како што се наведува во огласот, селото станало пусто поради селидбата на неговите жители во градските подрачја.

Од агенцијата за недвижности, која ги застапува сопствениците на имот во селото, велат дека неколку стотици луѓе веќе го погледнале огласот за селото, што се продава за 260.000 евра.

Како што истакнаа, примиле многу повици, а за купување на селото особено се заинтересирани Шпанци, Португалци и Англичани.

Во близина на селото се наоѓа парк на природата изграден во 1950-тите години поради старата хидроцентрала, а бројот на жители постепено се намалувал по затворањето на централата во 1989 година.

Електраната на почетокот на 2000-тите години е продадена на инвеститор за изградба на туристички комплекс, но проектот никогаш не е реализиран.

Наведено е дека претприемачите кои ќе го купат селото можат да инвестираат и во руралниот туризам.

AA
Популарни