Палестинскиот премиер Мохамад Штајех изјави дека Израел е обвинет за геноцид врз палестинскиот народ, пренесува Анадолу.
Штајех особено ја пофали тужбата за геноцид поднесена од Јужноафриканската Република против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).
На плоштадот Нелсон Мандела во Рамала се одржа митинг за поддршка на тужбата за геноцид против Израел пред МСП.
Во своето обраќање на собирот, Штајех рече дека Палестинците и се благодарни на Јужноафриканската Република бидејќи поднела тужба против Израел пред Меѓународниот суд на правдата.
„Ве поздравувам најсрдечно, бранители на човечкото достоинство“, рече палестинскиот премиер и додаде:
„Денес Израел е обвинет во Меѓународниот суд на правдата, обвинет е на улиците на Јужна Африка, на улиците на Лондон, Париз, Берлин, Вашингтон, Мадрид и Брисел.
Тој нагласи дека злосторствата јасно покажуваат дека Израел извршил геноцид.
На сослушувањето пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), адвокатите кои ја застапуваат Јужна Африка го обвинија Израел за геноцид и изјавија дека „неговите намерни дејствија против жителите на Газа ја докажуваат неговата геноцидна намера“.
Почна расправата за тужбата на Јужна Африка дека Израел ја прекршил Конвенцијата за геноцид со своите дејствија во Газа, пред Меѓународниот суд на правдата (МСП).
На првиот ден од рочиштето, јужноафриканската страна пред судот ги презентираше своите аргументи против Израел.