Актери кои се познати само по една улога     Фото: TRT Balkan

Многу холивудски ѕвезди успеале да станат славни и да направат кариера заработувајќи милиони долари само од една единствена улога што ја одиграле. Иако уживаат во успехот, лошата страна е што станале порепознатливи по таа улога и ретко кој им дава ангажман на други проекти. На тој начин не успеваат да се докажат како актери со портфолио на различни одиграни карактери.

Ова се 7-те актери кои се познати само по една улога.

Џим Парсонс како Шелдон Купер

На името Џим Парсонс можеби нема да се сетите од прва, но нема кој не го знае неговиот лик Шелдон Купер од ситкомот „Теоријата на големата експлозија“. Светот се согласува дека Џим Парсонс е создаден за таа улога. Без разлика дали уживате во гледањето на ликот на невротичниот научник или не, Парсонс прави неверојатна работа со тоа што ја тера публиката истовремено, и да го сака и да го мрази Шелдон.

Џим Парсонс    Фото: CBS Enterteinment

И покрај тоа што постигна огромен успех со улогата, Парсон немаше многу успех по серијата. Прифати неколку улоги во филмови како што се „Скриени фигури“, „Дома“ и „Големата година“ но останаа незабележани. Веројатно и самиот е свесен дека секогаш ќе го поврзуваат со Шелдон па прифати да учествува во спин-оф серијата наречена „Младиот Шелдон“.

Тоби Мегвајер како Спајдермен

Надвор од филмот „Спајдермен“ не знаеме кој е Тоби Мегвајер, затоа што тешко е да се пронајде друга улога по која овој актер бил познат. Точно е дека беше Ник Каравеј во „Големиот Гетсби“, Ред Полард во „Сибискит“ и Џ.Т. во „Џојрајд“, но за мнозинството тој засекогаш ќе биде „Спајдермен“.

Тоби Мегвајер    Фото: Marvel Enterprises

Неговата изведба преполна со акција беше онаа што го трасираше патот за филмовите за „Спајдермен“ и се смета дека одиграл толку успешно што, иако франшизатa на Mарвел не планирала продолженија, истите сепак биле снимени.

Даниел Ретклиф како Хари Потер

Даниел Редклиф    Фото: Warner Bros

Ако не сте живееле на пуст остров последниве 20 години, тогаш го знаете „Момчето што преживеа“. Даниел Редклиф за Потерхедс па и за целиот свет засекогаш ќе биде Хари Потер. „Избраниот“ едноставно не може да се ослободи од своето волшебно име. Без разлика дали тој е млад адвокат кој открива одмаздољубив дух на жена во британскиот хорор филм „Жената во црно“ или таен неонацист во „Империум“, Редклиф останува момчето со лузна како молња, а останатите улоги остануваат заборавени.

Меколи Калкин како Кевин Мекалистер во „Сам дома“

Меколи Калкин    Фото: 20 Century Fox

Да, филмот „Сам дома“ па и неговите прдолженија беа светски хитови. По неговото прикажување, филмот заработи повеќе од 285 милиони долари само во САД, станувајќи еден од филмовите со најголема заработка во тоа време. Овој успех доведе до тоа Калкин да стане една од најголемите детски ѕвезди во филмската индустрија речиси преку ноќ. Но можете ли да се сетите на друг филм во кој играл актерот? Секако дека не, никој не може.

Елајџа Вуд како Фродо Багинс во „Господар на прстените“

Елајџа Вуд     Фото: New Line Cinema

Елајџа Вуд имаше кариера и пред да стане Фродо во „Господар на прстените“ но поради оваа иконична улога тој стана светска ѕвезда. По успехот на трилогијата „Господарот на прстените“, Вуд како да исчезна, не добива или не прифаќа поголеми улоги. Се занимава со диџејство и надсинхронизирал некои ликови, но се чини дека ужива да биде препознатлив како Фродо Багинс уште долго време.

Мет Лебланк како Џои Трибијани во „Пријатели“

Во серијалот „Пријатели“ Мет Лебланк беше омилен како Џои и често го „крадеше шоуто“ со својата брилијантна насмевка и глупавата смисла за хумор. Иако беше омилен не се прослави како неговите поранешни колешки Џенифер Анистон и Кортни Кокс.

Мет Лебланк    Фото: NBC

По серијата Лебланк ја повтори улогата на Џои во спин-оф серијата насловена според името на неговиот лик. За жал, шоуто беше откажано во текот на втората сезона поради ужасно малата гледаност.

Поради неуспехот да најде улоги надвор од „Пријатели“, Лебланк извесно време замина на актерска пауза. Подоцна се врати на глумата, но ништо не му помогна да „избега“ од Џои, бидејќи тој сè уште игра многу слични улоги, но останува незабележан.

Марк Хамил како Лук Скајвокер

Марк Хамил     Фото: Walt Disney Studios

Неспорно е дека се работи за талентиран актер, но освен како Лук Скајвокер во оргиналната триологија „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас, го памтите ли Марк Хамил по некоја друга улога? За разлика од Харисон Форд кој попрепознатлив е по Индијана Џонс отколку по Хан Соло, Хамил остана врзан за улогата на Скајвокер кој се бори сам со себе да не премине на „темната страна“. Токму затоа за сите филмски фанови Хамил засекогаш останува последниот џедај.

TRT Balkan
Популарни