Можат ли филмовите да ја предвидат иднината? Некогаш научно-фантастичните филмови од неколкудецениска дистанца се смешни поради погрешните предвидувања. Сепак, мал број класици од овој жанр направија толку прецизни предвидувања на модерната технологија и иднината што е речиси застрашувачки. ТРТ Балкан во продолжение ви претставува дел од филмовите со хируршки прецизни предвидувања.
„2001: Вселенска одисеја“ го предвиде Скајп
Списокот на нешта што ги предвиде филмот „2001: Вселенска одисеја“ вклучува таблет, компјутер и вселенски туризам. Но, она што никој во 1968 година не очекуваше дека ќе биде можно да се предвиди е Скајп. Секако не е дека во филмот некој всушност се најавува на услугата за видео разговор управувана од Microsoft, но во филмот гледаме видеоповици, како на пример кога д-р Хејвуд Флојд го повикува своето семејство од вселенска станица што орбитира околу Земјата.
Флојд вметнува нешто што личи на кредитна картичка во видеофонот за да го започне повикот и двеминутниот повик чинеше 1,70 долари. Којзнае дали тој вселенски разговор бил скап или евтин за стандардот од 1968 година.
Мобилните телефони се „родија“ во „Ѕвездени патеки“
„Ѕвездени патеки“ започна како ТВ серија во 1966 година и во оригиналното тригодишно емитување најави многу технолошки изуми кои ќе дојдат подоцна во историјата.
Џебниот комуникатор со мрежна антена што се преклопува го инспирираше инженерот на Моторола, Мартин Купер да го дизајнира првиот мобилен телефон во светот во 1973 година.
Прототипот инспириран од серијата тежеше околу еден килограм и батеријата му траеше 20 минути но ја претставува визијата за современите паметни телефони.
„Демонско семе“ ја покажа „мрачната страна“ на модерните паметни домови
Во научно-фантастичниот хорор филм „Демонско семе“ од 1977 година научник развива Proteus IV, вештачки интелигентен компјутер со добра намера да лечи леукемија. Но, работите брзо излегуваат од контрола кога компјутерот ќе развие нездрава љубов кон сопругата на неговиот творец, ќе се инсталира на компјутер во нивниот дом и ќе ја преземе контролата над целата технологија и уреди таму.
Иако идејата е застрашувачка сепак филмот покажува како ќе изгледа идниот модерен паметен дом. Во тој дом компјутерот може да ги контролира светлата, бравите на вратите и прозорците. Ќе може да управува со алармниот систем во домот, прикажувајќи видео од влезната врата како паметно ѕвонче, па дури и да контролира уреди како автоматизиран капак за базен.
„Тотален отповик“ не возеше во самоуправувачки автомобили
Сега веќе култниот филм со Арнолд Шварценегер ни прикажа технологија за контрола на меморијата, ТВ екрани со големина на ѕид, рутински комерцијални летови до Марс и вонземските градби под површината на Марс. Сепак, она што го најбрзо стана реалност се самоуправувачки автомобили.
Од гледна точка на доцните 80-ти, самоуправувачките автомобили во филмот имаа стилизиран андроид аватар на возачкото седиште што денес изгледа малку глупаво, но тоа е само затоа што точно знаеме како изгледаат самоуправувачките автомобили.
Благодарение на бројните сензори, денешните целосно самоуправувачки автомобили можат сами да возат без потреба од било кој или било што да седне на возачкото седиште.
Вооружени дронови напаѓаа во „Терминатор“
Џејмс Камерон во блокбастерот „Терминатор“ прикажа многу футуристички идеи кои беа загрижувачки, пред се за безбедноста. Во неговата визија за иднината постојат беспилотните летала Hunter-Killer кои во суштина се воени дронови со вооружување. Оваа негова визија набрзо се оствари.
До почетокот на 1980-тите, војската на САД веќе имаше искуство со радио-контролирани беспилотни возила и беспилотни летала, но дури во „војната против тероризмот“ во 2000-тите, американската војска ќе ги исполни предвидувањата од „Терминатор“ и ќе користи вооружени воени дронови.
MQ-1 Predator, првпат користен во 2001 година, е првиот познат воен дрон способен да пука со оружје што беше активирано од далечина од копнени оператори. И за да не мислите дека автономните ловци-убијци од кошмарите на Сара Конор се чиста фикција, американската војска, според многумина, веќе работи на интелигентни беспилотни летала способни сами да донесуваат одлуки за пукање.
Од „Терминатор“ го памтиме и филмското предвидување дека во 2029 ќе избие војна меѓу луѓето и интелигентните роботите која ќе заврши фатално за човештвото. Што мислите, може ли да се оствари?
2 јул 2022
TRT Balkan
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
За првпат класичната телевизија е помалку гледана од стриминг содржините
За првпат класичната телевизиска програма е помалку гледана од содржините на апликациите за стриминг. Според податоците на аналитичката куќа Нилсен во САД за првпат гледаноста на кабелските мрежи и телевизиски канали е под 50%.
Што друго би сакале да знаете?
Популарни