Холивудската филмска индустрија е позната по римејкови, продолженија и франшизи, но оригиналниот изглед на препознатливиот знак кој стои над брдото во Лос Анџелос не е променет во последните сто години. Сепак, и ова наследство на центарот на гламурот и славните, ќе доживее мала обнова со цел повторно да заблеска на одбележувањето на јубилејот од еден век.
„Знакот е гордост на Лос Анџелес и ние сме возбудени што фановите ширум светот ќе ја видат оваа промена на специјалната 100-годишнина“, рече Џеф Заринам, претседател на фондот „Знакот Холивуд“.
Синоним за филмската индустрија
Знакот со буквите „Холивуд“ најпрво бил користен во една сосема различна индустрија. Првично бил испишан натписот „Холивудленд“ и бил користен за реклама за продажба на недвижнини.
Станувајќи препознатлив знак за Лос Анџелес, филмските студија решаваат да ги откупат правата на знакот и да ги скратат последните четири букви, па оттогаш знакот е исклучиво поврзан со големите блокбастери и славните актери и актерки.
Во 1923 година знакот бил поставен со дрвени букви, а челичната конструкција која е поиздржлива и повпечатлива е искористена како замена во 1979 метри.
Во реновирањето учествувале повеќе актери и славни личности од филмската индустрија со лични донации, и на секој од нив му била посветена по една буква која кореспондира со почетната буква од нивното име. Оттогаш знакот е исклучиво поврзан со големите блокбастери и славните актери и актерки.
Буквите се високи околу 15 метри и послужија како инспирација за натписи на имиња на населби, квартови и градови на креативен начин насекаде низ светот.
Реновирањето на знакот ќе започне во ноември и ќе биде завршено за околу осум недели.
Потоа повторно ќе биде достапен за посетителите ширум светот кои сакаат да ја почувствуваат магијата на Ла ла ленд.