Кои земји имаат статус на кандидат за членство во ЕУ?

Европската комисија предложи Европската Унија да им даде кандидатски статус на Украина и Молдавија. Информацијата ја потврди претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен на прес-конференција во Брисел.

„Комисијата му предлага на Советот да ѝ се даде европска перспектива и кандидатски статус на Украина, со услов земјата да спроведе низа важни реформи“, рече Фон дер Лајен.

Никогаш во историјата во ЕУ, мислење не било донесено во така краток рок од денот на поднесување на кандидатурата, но преседанот е направен поради руската инвазија на Украина.

Врз основа на препораката од Европската комисија, земјите членки треба анонимно да одлучат дали да започне процесот на пристапување.

Лидерите на ЕУ ќе разговараат за кандидатскиот статус на Самитот на 23 и 24 јуни, а одлуката треба да ја донесе Европскиот совет.

Исто така, ЕК предложи и Молдавија да добие кандидатски статус.

Украина кандидатурата за членство во Унијата поднесе по почетокот на руската агресија од 24 февруари оваа година. Од тогаш украинскиот претседател Владимир Зеленски постојано ја повикува ЕУ, да докаже „дека зборовите на Брисел за припадноста на украинскиот народ на европското семејство не се искажани напразно.“

„Украина е спремна да работи да стане полноправна членка на Унијата“, изјави Зеленски.

Со ЕУ, Украина склучи Спогодба за придружување кој е во сила од септември 2017 година.

Процесот на комплетно зачленување во унијата е долготраен и земјата кандидат треба да исполни низа политички и економски критериуми од областа на демократијата, правото, заштита на малцинствата, одржлива пазарна економија и да го усогласи во своето законодавство европското право.

Пет земји со статус на кандидат за членство во ЕУ

Но и кога некои од земјите кандидати ги исполнуваат условите за отворање на пристапните преговори, поради низа причини од политичка природа, не успеваат да го започнат преговарачкиот процес, или пак, доколку го почнат, се соочуваат со други бариери кои го забавуваат процесот на целосна интеграција во ЕУ.

Туркије, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија. Ова се петте земји кои имат кандидатски статус за членство во Европската унија (ЕУ) и чекаат откочување на евроинтегративните процеси.

Во 1959 година Туркије аплицираше за членство во ЕУ. Статус на земја кандидат Туркије доби во 1999 година, а пристапните преговори ги започна во 2004 година. На официјален Брисел му требаа дури 40 години за да ги отвори пристапните преговори со Туркије.

Една цел - многу бариери

Друга земја која долги години чека на отворање на пристапните преговори е Северна Македонија. Земјата за членство во ЕУ аплицираше во 2004 година, а кандидатскиот статус го доби во 2005 година, но преговорите за членство сѐ уште не се започнати.

Процесот на интегрирање во ЕУ го блокираше Грција, а по постигнатиот Преспански договор со кој е решен спорот за името, Бугарија стана уште една бариера на патот на официјално Скопје кон Брисел. И во 2019 година Франција излезе со став за нова методологија за пристапување во ЕУ, а Северна Македонија не доби зелено светло од Брисел за почеток на преговорите.

Црна Гора статусот на земја кандидат за членство во ЕУ го доби пред 12 години, во 2010 година, а преговорите за членство ги започна две години подоцна, односно во 2012 година. Земјата ги отвори сите поглавја, а привремени ги затвори преговарачките поглавја 25 - науĸа и истражување, 26 – образование и ĸултура и 30 – надворешни односи.

Србија официјално поднесе барање за членство во Европската унија во декември 2009 година, а кандидатски статус доби во март 2012 година. Две години подоцна, во јануари 2014 година со скрининг процесот Србија ги почнува пристапните преговори со ЕУ.

Во досегашните преговори со ЕУ, Србија отвори 22 од вкупно 35 поглавја, од кои две се привремено затворени.

Албанија статусот на земја кандидат за членство во ЕУ го доби во април 2014 година, а таа е една од петте земји кои добиле кандидатски статус, но се уште ги немаат отпочнато пристапните преговори.

Очекувањата, според најавите на европските дипломати, Северна Македонија и Албанија заедно да ги започнат преговорите за членство во унијата.

Во февруари 2020 година Европската комисија ја усвои и објави новата методологија во однос на процесот за пристапување во ЕУ. Методологијата одредува насоки за поголема кредибилност, предвидливост и динамизирање на процесот, посилно политичко управување и справување со структурните слабости во државите од пристапувањето.

БиХ и Косово без статус на земји кандидати за членство во ЕУ

Босна и Херцеговина и Косово, се две земји од регионот кои се уште не добија кандидатски статус за членство во ЕУ. БиХ во февруари 2016 година поднесе барање за членство во Унијата, а Косово до крајот на годинава ќе поднесе барање за членство во Унијата, најави косовскиот премиер Албин Курти.

Иако европските дипломати постојано нагласуваат дека политиката на проширување е најуспешната политика на ЕУ, проширувањето на блокот е во застој од 2018 година, најпрвин поради француската блокада и идејата за нова методологија, а потоа и поради ветото на Бугарија кон Северна Македонија.

Самитот на ЕУ е закажан за 23 и 24 јуни оваа година и тогаш ќе биде познат исходот од сегашните напори политиката на проширување да добие „нов ветер во грб“.


TRT Balkan / агенции
Популарни