Размена на затвореници меѓу САД и Русија: Ослободена кошаркарката Гринер

Размена на затвореници меѓу САД и Русија: Ослободена кошаркарката Гринер

Рускиот државјанин Виктор Бут бил разменет со американската кошаркарка Бритни Гринер, соопшти руското МНР.
Бајден рече дека Гринер е „безбедна“ и на пат е кон дома         Фото: Ројтерс

Во размената на затвореници од висок профил, американската кошаркарска ѕвезда од ВНБА Бритни Гринер е ослободена во замена за руски државјанин кој беше затворен во САД, соопшти Москва во четвртокот.

„Рускиот државјанин Виктор Бут беше разменет за кошаркарката (Бритни) Гринер на аеродромот во Абу Даби и се врати во својата татковина“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Се додава дека Вашингтон „категорично одбил дијалог“ за размената на Бут, но Русија „продолжила со оваа работа“.

Во посебна изјава, американскиот претседател Џо Бајден ја потврди размената, велејќи дека разговарал со Гринер „пред неколку моменти“.

Бајден рече дека Гринер е „безбедна“ и на пат е кон дома, откако беше задржана во руска казнена колонија. Се очекува тој да им се обрати на новинарите од Белата куќа во четврток наутро.

Бут беше уапсен во Тајланд во 2008 година под обвинение за илегална испорака на оружје, екстрадиран во САД и осуден на 25 години затвор.

Гринер беше уапсена во февруари на московскиот аеродром Шереметјево под сомнение дека се обидела нелегално да увезе масло од хашиш во Русија и беше осудена на девет години зад решетки.

TRT Balkan / агенции
Популарни