ердоган / Photo: AA

Во обраќањето до нацијата по состанокот на Кабинетот во Претседателскиот комплекс, Ердоган истакна дека ги забрзале контактите со странство за да ја трансформираат Туркије и нејзината околина во остров на мирот и стабилноста во период во кој владее нестабилност.

Посочувајќи дека тензиите во балкансиот регион неодамна почнале да ескалираат, Ердоган рече дека неговите посети на Албанија и Србија на 10-11 октомври содржеле многу важни пораки во таа насока.

„Ќе ја продолжиме нашата соработка со другите земји од Балканот“

Ердоган нагласи дека дополнително ги подобриле билатералните односи со двете земји потпишувајќи вкупно 15 договори и додаде:

„За време на посетата се сретнавме со голем број различни групи, почнувајќи од нашиот деловен свет, па до братските заедници од регионот.

Ми претставуваше особено задоволство да ја отворам џамијата Намазгах, најголемата џамија на Балканот, чии темели ги поставивме во 2015. Со својата прекрасна архитектура, нејзината централна локација во срцето на Тирана, нејзиниот капацитет за вкупно 8.000 луѓе и нејзините други карактеристики, џамијата Намазгах стана гордо и инспиративно дело, во секој поглед. Уште еднаш им се заблагодарувам на господинот Еди Рама и на сите оние кои дадоа свој придонес во отворањето на нашата џамија, од архитектот до инженерот.“

Наведувајќи дека наскоро ќе ги видат позитивните ефекти од многу продуктивните средби со српскиот претседател Александар Вучиќ во многу области, Ердоган истакна:

„Би сакал да изразам благодарност до двајцата мои пријатели за гостопримството што го укажаа кон нас и нашата делегација. Во ток контекс ќе ја продолжиме нашата соработка и со другите земји од балканската географија.“

AA
Популарни