Официјалната средба со претседателот на Србија, Вучиќ е закажана за утре во 11:20 часот во Палатата Србија, пред која претходно ќе биде организиран и свечен дочек / Photo: AA

По посетата на Албанија, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во четвртокот вечерта пристигна во Белград, главниот град на Србија.

Со делегацијата накратко разговараа Ердоган, кој на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ го пречекаа претседателот на Србија Александар Вучиќ, амбасадорот на Туркије во Белград Хами Аксој и генералниот конзул на Нови Пазар Осман Пешмен.

Ердоган во Белград е придружуван од неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за млади и спорт Осман Аскин Бак, министерот за индустрија и технологија Мехмет Фатих Кацир, министерот за земјоделство и шумарство Ибрахим Јумакли, министерот за трговија Омер Болат, Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу, шефот на разузнавачката служба Ибрахим Калин, шефот на Дирекцијата за комуникации Фахретин Алтун, главниот советник за надворешна политика и безбедност Акиф Чагатај Килич и шефот на одбранбената индустрија Халук Горгун.

Во знак на добредојде на улиците на Белград се поставени турски и српски знамиња.

Официјалната средба со претседателот на Србија, Вучиќ е закажана за утре во 11:20 часот во Палатата Србија, пред која претходно ќе биде организиран и свечен дочек.

Четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Туркије, предводена од Ердоган и Вучиќ, ќе се одржи утре во 12:05 часот.

Потпишувањето на билатералните договори, со присуство на двајцата претседатели, е закажано за 13 часот, по што на прес-конференција ќе се обратат двајцата лидери.

На бизнис форумот закажан за 16 часот ќе присуствуваат и претседателите Ердоган и Вучиќ.

AA
Популарни