Силно невреме ги зафати Северна, Западна и Централна Словенија, предизвикувајќи поплави од големи размери.
Силното невреме што синоќа ја зафати Словенија создава проблеми во одделни делови на земјата. Многу противпожарни тимови се на терен цела ноќ.
Според податоците што ги објави Управата за заштита и спасување, во последните 12 часа забележани се над 1.000 инциденти, а пожарникарите од 168 противпожарни единици пристигнаа да му помогнат на населението.
Поплавите ги зафатија и Корошка и Згорњесавињската Котлина. Во Корушка голем број патишта се затворени за сообраќај, реките го преминаа својот брег, многу куќи и подруми се поплавени, а настанаа и голем број свлечишта.
TRT Balkan / агенции