Косовскиот премиер Албин Курти го обвини официјален Белград дека намерно провоцира со вежби на Војската на Србија во близина на границата со Косово.
Курти доцна синоќа на Фејсбук објави видео во кое се гледа движење на специјализираната единица на Војската на Србија долж косовската граница.
„На само неколку метри од границата со Косово, кај селото Бања во Зубин Поток, во текот на денот приметени се специјаните единици на Војската на Србија. Слични движења забележани се и во селото Осларе во Бујановац, во близина на границата со Косово“, напиша Курти.
Косовскиот премиер потсети дека српскиот претседател Александар Вучиќ пред неколку дена јавно му се закани на Косово изјавувајќи дека „Србија ќе го чека најдобриот можен момент и ќе ја искористи приликата да делува.“
„Свесни сме дека Војската на Србија изведува редовни вежби и дека ги користат како изговор за намерни провокации во близина на границата со Косово. Внимателно следиме дали ќе се обидат да ја преминат границата, бидејќи ваквиот пристап на нивните воени возила не е нормален“, нагласи Курти.