Спроведувањето на реформите е неопходно за брзо спроведување на Планот за раст, рече евро комесарот / Photo: AA

Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји денеска изјави дека лидерите на Европската унија многу јасно ја потврдиле перспективата за членство на Западен Балкан и повикаа на забрзување на процесот на проширување.

Тој рече дека проширувањето на Европската унија повторно е на највисоката политичка агенда во Европа, што е многу важен сигнал дека проширувањето ќе се случи наскоро.

„Бидејќи новата геополитичка ситуација му дава поттик на процесот на проширување воопшто, мислам дека сите можеме да се согласиме за тоа“, изјави Вархеји во Брисел.

Според него, оваа Комисија отсекогаш била силен поддржувач на проширувањето од самиот почеток на нејзиниот мандат.

„Работевме неуморно за да го вратиме ова прашање на маса и не само на маса, туку и на масата на лидерите. И денес се гледа дека проширувањето е меѓу првите три теми со кои се занимаваат нашите лидери“, истакна Вархеји.

Тој рече дека проширувањето е геополитички проект за Европа и за регионот, но дека проширувањето е повеќе од само институционален процес.

„Проширувањето е и за интеграција. И во таа интеграција треба да зборуваме и за вистинска интеграција, односно за интеграција на општествата, економиите и земјите членки на Европската унија“, рече Вархеји.

Тој изјави дека ЕУ е убедена дека забрзувањето на проширувањето започнува со забрзување на интеграцијата бидејќи економската конвергенција е во срцето на придобивките од членството во ЕУ и дека ЕУ е свесна дека на регионот му треба подобар пристап до клучните двигатели на економскиот раст .

„Ова е суштината на Планот за раст што ќе го ставиме на маса подоцна оваа година“, нагласи Вархеји.

Според него, ова пред се треба да значи постепена интеграција на Западен Балкан на единствениот пазар на ЕУ и пред членството во ЕУ.

„Затоа што тоа ќе биде корисно за нас, за нашите партнери за проширување, за нивните економии, за нивните луѓе од Западен Балкан, но и за нашите економии и нашите луѓе“, посочи Вархеји.

Второ, тој рече дека и ЕУ сака да се залага за економска интеграција во рамките на Западен Балкан и во согласност со концептот на Заедничкиот регионален пазар.

„Трето, планот за раст ќе им помогне на нашите партнери од Западен Балкан повеќе да се фокусираат на основните реформи и владеењето на правото и демократијата. Имањето на овие вредности во сржта на процесот на проширување е клучно за кредибилитетот на нивните напори, но и за кредибилитетот на нашите напори“, рече Вархеји.

Тој посочи дека спроведувањето на овие клучни реформи е неопходно за брзо спроведување на Планот за раст.

„И на крај, но не и најмалку важно, сакаме да ги обезбедиме потребните алатки за да започнеме да го затвораме економскиот и социјалниот јаз уште пред пристапувањето преку зголемен финансиски придонес за забрзување на сите реформи што нашите партнери од Западен Балкан ги спроведуваат за да станат членови“, рече Вархеји.

Според него, Планот за раст е нова алатка што ЕУ ја става на располагање на Западен Балкан и ќе создаде соодветни услови за тие да станат членки на Европската унија.

„Ние не само што бараме од нашите партнери да преземат нови чекори кон нас, туку правиме и голем чекор кон нив за да ја постигнеме заедничката цел да го забрзаме нивниот пат кон ЕУ“, нагласи Вархеји.

Тој изјави дека не може доволно да нагласи дека проширувањето е во заеднички интерес, дека Планот за раст во никој случај не е алтернатива за влез во ЕУ, туку алатка за побрзо приближување.

Tanjug
Популарни