Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во четвртокот го обвини премиерот Андреј Пленковиќ дека е заштитник на корупцијата во Хрватска, велејќи дека под негово владеење е создаден најлошиот корумпиран октопод во историјата на земјата.
Претседателот ова го изјави во видео порака објавена на Фејсбук, во која се осврнува на синоќешната изјава на Пленковиќ, кој рече дека не знае кој е АП.
„Но затоа сите знаеме кој е АП. Андреј Пленковиќ. Пленковиќ е заштитникот на корупцијата во Хрватска, под чија власт е создаден најлошиот корумпиран октопод во историјата на хрватската држава“, рече Милановиќ.
Тој посочи дека нема министерство, државна компанија или јавна институција каде што немало кражба, фаворизирање или барем пронвера.
За Пленковиќ рече и дека е узурпатор кој ги окупирал речиси сите независни институции во државата и дека сега по секоја цена сака да ја окупира и Државното обвинителство(ДОРХ).
„Со цел да се спречат истраги против неговите министри и најблиски соработници. И токму затоа го избра Иван Турудиќ, партиско момче за државен обвинител“, рече Милановиќ.
Тој, исто така, рече дека премиерот „неубедливо и нечесно го убедува хрватскиот народ дека живее добро и дека ги осиромашил пензионерите и ги избркал младите семејства во странство, бидејќи работа и пари имал само за членовите на ХДЗ и нивните пријатели“.
Го критикуваше и како „бриселски послушник“, посочувајќи дека никогаш не се осмелил да им се спротивстави или да им замери на бирократите од Брисел, а за тоа имало можност и потреба.
„Никогаш навистина не се грижеше за интересите на Хрватска и на хрватскиот народ, туку само за неговите лични интереси и неговата кариера и пробивот“, рече Милановиќ, додавајќи дека Пленковиќ сепак направил многу лоши и штетни работи, но оценил и дека хрватскиот народ го знае тоа и дека може да се промени на избори.