Во Грција, рекордните врнежи предизвикаа најмалку еден смртен случај во близина на градот Волос / Photo: Reuters

Бројот на загинати како последица на силното невреме и поплавите што погодија делови од Грција, Туркије и Бугарија денес се искачи на осум, откако спасувачките тимови пронајдоа уште едно тело.

Поплавите што ја зафатија Туркије, во близина на границата со Бугарија, однесоа бунгалови во едно одморалиште.

Најмалку пет лица загинаа, три во кампот и две во Истанбул, соопштија властите. Спасувачите сѐ уште трагаат по три лица кои се водат за исчезнати.

Стотици домови и работни места во неколку населби во Истанбул, најголемиот град во Туркије, исто така беа поплавени за време на вчерашното невреме.

Во Грција, рекордните врнежи предизвикаа најмалку еден смртен случај во близина на градот Волос, а пет лица се водат како исчезнати.

Властите го забранија сообраќајот во Волос, во подрачјето на планински регион Пелион и на островот Скијатос.

Објавени се видео-снимки на кои се гледа како автомобили и камперски комбиња се извлекуваат од морето Others

Во Бугарија невремето предизвика поплави на јужниот брег на Црното Море, во кои животите ги загубија две лица. Уште тројца се водат како исчезнати.

Објавени се видео-снимки на кои се гледа како автомобили и камперски комбиња се извлекуваат од морето во јужното летувалиште Царево.

Властите прогласија вонредна состојба во градот.

Популарни