Гласачките ливчиња за претседател на ентитетот Република Српска повторно ќе се пребројуваат, беше одлучено на денешната седница на Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина.
ЦИК БиХ денеска го разгледа предлогот за наредба до Главниот центар за броење да се отворат вреќите и повторно да се пребројат официјалните гласачки ливчиња на сите избирачки места во Република Српска за претседател и потпретседател на РС.
Потсетуваме, опозициските партии поднесоа барање до Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина за пребројување на гласовите на сите избирачки места за претседател на РС, врз основа на кое побараа изборите да се откажат и да има прегласување.
ПДП и Јелена Тривиќ, кандидатот на ПДП за претседател на РС, прогласија победа над ривалскиот кандидат од СНСД, Милорад Додик, во изборната ноќ. Подоцна победа прогласи и Додик, а според прелиминарните податоци на ЦИК тој има повеќе гласови.
Протести одржаа и опозициските партии поради сомневање во резултатите од изборите одржани на 2 октомври, посочувајќи на можност за изборна кражба.
11 окт 2022
Повторно пребројување на гласачките ливчиња за претседател на РС
Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина денеска го разгледа предлогот за повторно да се пребројат официјалните гласачки ливчиња на сите избирачки места на гласањето за претседател и потпретседател на Република Српска.
TRT Balkan / агенции
Поврзани новости
Написи во тренд во оваа категорија
Каде во регионот функционираат заедничките гранични премини?
Со потпишување на Протоколот за заеднички гранични премини Блаце – Елез Хан и Јажинце – Глобочица, на заедничката меѓувладина седница на Косово и Северна Македонија, направен е значаен чекор кон целосна имплементација на концептот „One Stop Shop“.
Владата ќе му даде нафта на заем на Град Скопје за автобусите на ЈСП
Се донесе одлука со која се утврдува постоење на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на подрачјето на Град Скопје, со што се овозможува да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата, соопштија од Владата
Хрватска и Бајкар потпишаа договор за набавка на борбени дронови Бајрактар
Бајрактар TБ2, водечката турска одбранбена платформа, ќе се приклучи на пописот на хрватските безбедносни сили и ќе започне со операции во хрватскиот воздушен простор, се наведува во соопштението на турскиот производител на беспилотни летала Бајкар
Што друго би сакале да знаете?
Популарни