Пукање во основното училиште во Белград: Најмалку еден загинат и повредени     Фото: Танјуг

Во вооружен напад што утринава се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, загинал обезбедувач, а пет ученици се повредени, објави Танјуг. Во болница се префрлени три деца, од кои едното е во животна опасност. Пукањето се случило во 8 часот и 40 минути кога седмоодделенец отворил оган врз обезбедувањето и учениците. Полицијата го уапсила напаѓачот за кој велат дека испукал неколку истрели, најверојатно од пиштолот на неговиот татко.

„Полицијата ги испратила сите расположливи патроли, веднаш излегла на терен и го привела осомничениот малолетник, ученик од седмо одделение, кој, како што се сомнева, испукал неколку куршуми од пиштолот на неговиот татко во правец на учениците и обезбедувањето на ова училиште“, се вели во соопштението.

Од МВР на Србија наведуваат дека лекувањето на повредените е во тек, како и работата на полицијата на утврдување на сите факти и околности поврзани со овој настан.

Српските медиуми објавија дека неколку лица се повредени, а некои од нив се во тешка состојба. Тие наведуваат и дека во престрелката загинал еден чувар, а биле ранети неколку ученички и една професорка.

На терен се голем број екипи на итната помош и полициски службеници.

Во престрелката загина и наставничката

Наставничката повредена во пукањето, што утрово се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, почина од повредите во Ургентниот центар. Во таа институција била примена заедно со тројца студенти, јави РТС.

Tanjug
Популарни