Словенија од саботата ќе воведе контроли на државните граници со Хрватска и Унгарија, претходно укинати со Шенгенскиот договор.
Според медиумите во Словенија, ваквата одлука ја донела Владата на оваа земја на денешната седница, а тоа се должи на „зголеменото ниво на проценка на терористичките закани во земјите од Европската унија“.
Суспензијата на Шенген на границите со Хрватска и Унгарија ќе трае најмалку десет дена, соопшти Владата на Словенија.
Како што беше истакнато, деталите за одлуката ќе бидат објавени во текот на денот.
AA