Во вооружениот напад, кој утрово се случи во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, убиени се осум деца и еден припадник на обезбедувањето.               Фото: Танјуг

Министерот за образование на Србија, Бранко Ружиќ, потврди дека Владата одлучила поради трагедијата во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, да прогласи тридневна жалост во земјата.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Србија соопштија дека во вооружениот напад, кој утрово се случи во Основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, убиени се осум деца и еден припадник на обезбедувањето.

Во соопштението на МВР на социјалната мрежа Фејсбук се вели дека шест деца и наставничка од училиштето се ранети и во моментов се наоѓаат на болничко лекување во Ургентниот центар и во Универзитетската детска болница Тиршова.

МВР информира дека ученикот од ова училиште К.К. (2009 годиште), кој е осомничен дека го извршил злосторството, пронајден е во училишниот двор и е приведен.

„Сите полициски сили и понатаму се на терен и интензивно работат на расветлување на сите факти и околности што довеле до оваа трагедија“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи на Србија.

TRT Balkan / агенции
Популарни