Земан престојува во официјална посета на Србија, а за денеска е планиран разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и отворање на реновираниот Чешки дом.      Фото: АА

Претседателот на Чешката Република Милош Земан денеска изјави дека Туркије, Србија и Кина би можеле да бидат посредници во разговорите меѓу Украина и Русија, бидејќи тие три земји задржаа неутрална позиција по прашањето за војната. На прес-конференцијата по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и по потпишувањето на меѓудржавните договори, Земан истакна дека Туркије може да биде посредник, бидејќи тоа го заслужи благодарение на помагањето да се одржи договорот за извоз на украински житарки.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, му приреди свечен пречек на претседателот во заминување на Чешка, Милош Земан, пред Палатата „Србија“ во Белград.

Земан престојува во официјална посета на Србија, а за денеска е планиран разговор со српскиот претседател Александар Вучиќ и отворање на реновираниот Чешки дом.

Планирана е и пленарна средба на делегациите на Србија и Чешка и потпишување на заедничка декларација и прес-конференција на двајцата претседатели.

Земан попладне ќе го отвори Чешкиот дом, а планиран е разговор меѓу Земан и неговите сонародници. Земан пристигна во Србија вчера попладне, а на Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград беше дочекан од Вучиќ.

Земан во март го завршува својот втор петгодишен мандат како претседател на Чешка, кога ќе го наследи поранешниот генерал на НАТО, Петр Павел, кој победи во вториот круг од претседателските избори во саботата.

AA
Популарни