Во меѓувреме, во првата ефективна пресуда од ваков вид на глобално ниво, кинескиот суд пресуди во случај на прекршување на авторските права од услуга генерирана од ВИ / Photo: AA

Кина ја лансираше својата прва цртана серија генерирана од вештачка интелигенција.

Серијата од 26 епизоди, „Qianqiu Shisong“, направена со помош на генеративна вештачка интелигенција (ГенВИ), беше емитувана за прв пат во понеделникот од државната телевизија „Чајна медиа груп“ (ЦМГ).

Користена е видео и аудиоархивата на медиумот, како и технологијата за вештачка интелигенција на Шангајската лабораторија за вештачка интелигенција (САИЛ).

„Генеративна вештачка интелигенција е користена во секоја фаза од процесот на изработка на цртаната серија, од уметничкиот дизајн до генерирање видео и постпродукција“, истакна Шангајската лабораторија за вештачка интелигенција, пренесе дневниот весник „Саут Чајна морнинг пост“.

„Чајна медиа груп ГПТ им обезбедува на продуцентите на анимација евтина и ефикасна алатка за концепт-дизајн за дизајни на ликови и сцени“, истакнаа од Шангајската лабораторија за вештачка интелигенција.

Шен Хаиксионг, челникот на Чајна медиа, рече: „Ќе навлеземе подлабоко во технолошките иновации, ќе го искористиме интернетот и вештачката интелигенција… [и] ќе изградиме 'моќен мотор' и 'движечка сила' за нов вид меѓународни мејнстрим медиуми.“

Кинеската Влада ги притисна официјалните претставници да го промовираат развојот и употребата на вештачката интелигенција низ централните државни компании.

Во меѓувреме, во првата ефективна пресуда од ваков вид на глобално ниво, кинескиот суд оваа недела пресуди во случај на прекршување на авторските права од услуга генерирана од вештачка интелигенција, давајќи судски одговор на дебатата за тоа дали содржината генерирана од даватели на услуги со вештачка интелигенција ги прекршува авторските права.

TRT Balkan / агенции
Популарни