Тимот на АРСМ полета од Скопје кон Туркије за да помогнат во спасувачките напори       Фото: АРСМ

Македонски војници од специјалниот тим за потрага и спасување се упати кон Туркије за да учествува во спасувачките акции откако земјата беше погодена од серијата на катастрофални земјотреси.

„Одлучни и спремни што поскоро да се вклучат и да помогнат во спасувањето на драгоцени животи во областите погодени од катастрофалниот земјотрес во Туркије. Тимот за претрага и спасување составен од 24 армиски припадници и две кучиња заминаа за Туркије“, објавија од Армијата на Република на Северна Македонија на нивната Фејсбук страница.

Поддршка добија и од министерката за одбрана Славјанка Петровска.

„Припадниците од Баталјонот за специјални сили на Армија на Република Северна Македонија заминаа на помош во пријателска Турција. Им посакуваме среќа во потрагата и спасувањето човечки животи. Се солидаризираме со турскиот народ и за помош на настраданите ќе испратиме и хуманитарна помош од Министерството за одбрана и Армијата“, порача министерката преку објава на социјалните мрежи.

Во турските региони погодени од земјотресите распоредени се 96.670 спасувачи, медицински и друг персонал, а поставени се повеќе од 50.000 шатори.

TRT Balkan / агенции
Популарни