Агенцијата на Обединетите Нации за палестински бегалци денеска соопшти дека 2023 година била најсмртоносната година досега за Палестинците на Западниот Брег, со 504 убиени на окупираната територија.
Во интервју за Би-Би-Си, Џулиет Тума, директорка за комуникации во Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток, рече дека најмалку 70 деца се убиени на Западниот Брег во војната во Појасот Газа во октомври.
Тензиите се високи низ Западниот Брег откако избија борби во Газа на седми октомври меѓу палестинските групи и Израел.
Според палестинското Министерство за здравство, 314 Палестинци биле убиени од страна на израелските сили на Западниот Брег од 7 октомври, а над 3.300 други повредени.
TRT Balkan / агенции