Крстосницата кај Судската палата е една од локациите каде се одржуваат протестите     Фото: МИА / Photo: МИА

Приватните автобуски превозници од Скопје денеска од шест часот наутро повторно поставија блокади на неколку главни точки во главниот град. Блокирани се крстосниците пред Трговскиот центар Мавровка, Црвен Крст, како и Булеварот Илинден околу градското Собрание. Тие велат дека овој пат нема да ги тргнат блокадите се до исполнување на нивните барања.

„Денеска автобусите се паркирани и ќе бидат тука се додека нема напредок од состојбава, односно да не викнат на разговори и да се договориме за динамиката за исплата на заостанатиот долг, да продолжат неделните уплати за да можеме да се вклучиме на линија се со цел да не трпат граѓаните, изјави Кемал Муриќ од приватниот превозник Слобода превоз”.

На прашањето за новиот јавен повик за поединечно аплицирање на возачите, тој рече дека тоа е обид за разбивање на единството на приватните автобуски превозници.

Превозниците не отстапуваат до исполнување на барањата     Фото: МИА Others

На протестот со блокадите низ градот Скопје се автобуските превозници од двете компании, „Слобода превоз“ и „Макекспрес“

TRT Balkan / агенции
Популарни