„ФИНКИ нема зграда, трчаме до Влада“ е главнто мото на денешниот протестен марш на студентите и професорите од скопскиот факултет со што побараа трајно решение на нивнот проблем со простории за одржување настава.
„Во очекување позитивен одговор од Владата за дислокација на Бирото за развој на образованието од техничкиот кампус, со цел привремено да се решат нашите просторни проблеми, тука дојдовме да ја подигнеме свесноста за следната влада што побрзо да се зафати со трајно решение на нашиот проблем“, посочи деканот Боро Јакимовски.
Веќе десетина години се гради новата зграда предвидена за потребите на ФИНКИ во склоп на универзитетскиот кампус при УКИМ, но градежната компанија која го доби тендерот за иградба на новиот комплекс влезе во стечај и оттогаш процедурата е сопрена.
На вториот простест на ФИНКИ беше посочено дека следната Влада по одржување на парламентарните избори треба итно да се зафати со решавање на овој повеќегодишен проблем на факултетот кој е меѓу најбројните во земјата со оглед на големиот интерес за изучување на компјутерски науки.