На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави  / Фото: pretsedatel.mk

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во Скопје оствари средба со министерот за надворешни работи на Република Туркије, Хакан Фидан, кој учествува на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците во Процесот за соработка во Југоисточна Европа.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, кои негуваат традиционално пријателски односи, со развој на соработката во повеќе сфери од заемен интерес, во духот на стратешкото партнерство и сојузништво во НАТО Алијансата.

Претседателката Сиљановска Давкова се заблагодари за севкупната поддршка што Туркије ја дава на нашата држава, како на билатерален, така и на мултилатерален план и изрази очекување таа да продолжи и во иднина.

На средбата беше истакната и важната улога на турската заедница во земјата, што дополнително ги засилува добрите врски со Туркије.

Претседателката Сиљановска-Давкова и министерот Фидан разменија мислења и информации се актуелните состојби во поширокиот регион, како и за предизвиците по однос на македонските аспирации за членство во Европската Унија.

TRT Balkan / агенции
Популарни