Синдикалните организации организираа протестни маршеви во Скопје

Синдикалните организации организираа протестни маршеви во Скопје

Стотици демонстранти излегоа на улиците на градот носејќи голем број транспаренти.
Синдикалните организации организираа протестни маршеви во Скопје / Photo: AA

Oдвоени протестни маршеви барајќи подобри услови за работа организираа Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) по повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот. Стотици демонстранти излегоа на улиците на градот носејќи голем број транспаренти

Маршот на ССМ помина покрај зградите на Собранието и Министерството за правда, за да заврши пред Владата. Таму организаторите го изразија своето незадоволство од условите за работа, а особено од зголемувањата на платите што, според нив, се недоволни.

Организаторите особено се спротивставија на одлуката за зголемување на платите на именуваните функционери. „Вратете ги парите -78%“, пишуваше на еден транспарент, алудирајќи на оваа одлука, додека на друг транспарент стоеше: „Работниците се државата“.

И маршот на КСС, одржан претходно во текот на денот, заврши пред зградата на Владата на Северна Македонија.

Тие во знак на протест организираа скара пред Владата, држејќи транспаренти „За работникот ќебап, за вас бифтеци“, „За правда, за еднаквост“ итн.

И двата марша беа придружувани од полициски сили и завршија без инциденти.

AA
Популарни