Фон дер Лајен денес допатува во посета на земјата во рамките на нејзината турнеја / Фото: AA

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски со највисоки државни почести во Скопје ја пречера Урсула фон дер Лајен претседателката на Европската комисија, а по нивната средба одржаа и заедничка прес-конференција.

„Остануваме цврсто посветени како Влада на својот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Нашата визија е јасна, сакаме да бидеме дел од европското семејство, споделувајќи ги истите вредности на демократија, владеење на правото и почитување на човековите права“, порача премиерот Мицкоски.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази уверување дека пречките на патот кон членството на Северна Македонија во Европската унија (ЕУ) може да се надминат.

Фон дер Лајен денес допатува во посета на земјата во рамките на нејзината турнеја низ Западен Балкан, а со свечена церемонија беше примена од премиерот на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски.

„Имаме јасна цел, да ги отвориме кластерите што побрзо, убедена сум дека можеме да ги надминеме пречките“, истакна претседателката на ЕК на прес-конференцијата.

Фон дер Лaјен рече дека Северна Македонија има одлична реформска агенда, нагласувајќи ги заедничките инвестиции во обновливите извори на енергија.

„Во интерес на Северна Македонија е да сме успешни (со уставните измени). За мене е важно да гледаме кон иднината, а не кон минатото“, истакна таа.

Премиерот Мицкоски, од своја страна, рече дека очекува ЕУ да го препознае напредокот на земјата.

„Во овие услови на променета геополитичка ситуација во светот, нашата земја останува стабилен, сигурен и посветен партнер на ЕУ. Но, очекуваме Европската Унија заедно со нас да помогне во изнаоѓањето на начини како да продолжи нашиот европски интегративен пат, истовремено уважувајќи ги легитимните ставови на нашите граѓани дека во иднина нема да се соочуваме со барања кои се во длабока спротивност со идеите на кои што почива самата ЕУ“, истакна Мицкоски на прес-конференцијата.

AA
Популарни