Турската Меѓународна болница Медикана ќе отвори претставништво во Северна Македонија. Досега, лекарите од оваа болница работеа во болниците во Северна Македонија за покомплицирани случаи, но Медикана има за цел преку претставништвото полесно да ги ориентира пациентите во своите болници во Туркије и регионот.
„Нашите цели за во иднина се, со локална и државна соработка, да се претставиме и подобро да ги запознаеме македонските болници и лекари, обезбедувајќи македонските пациенти да добиваат одлични услуги, како во нашите болници во Туркије или Босна и Херцеговина или во сите други болници“, изјави за ТРТ Балкан Берт Бозурт, член на Управниот одбор на здравствената групација Медикана.
Бозурт рече дека Медикана има намера да се прошири на пазарот за здравствен туризам, нудејќи им ги своите квалитетни услуги на граѓаните на Северна Македонија.
„Случаите што не се прават овде, особено педијатриските случаи, можат многу лесно да се направат во Туркије, каде што секоја година правиме во просек од 200.000 до 250.000 операции во сите наши болници. Ова е една од услугите што сакаме да им ја понудиме на граѓаните на Северна Македонија со нашата напредна биомедицинска инфраструктура“, рече Божурт.
До крајот на оваа година Медикана ќе отвори уште една болница во Босна и Херцеговина, со што бројот на нивните болници ќе се искачи на 18.