Ситуацијата во Сирија во фокусот на Фон дер Лајен / Photo: AA

Туркије е клучен регионален играч, рече денеска портпаролката на Европската комисија, Пола Пињо, потврдувајќи дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе ја поосети Анкара следната недела. Фон дер Лајен при ова патување нема да посети друга земја.

Клучна тема на разговорите на Фон дер Лајен во Анкара ќе бидат настаните во Сирија и нивните импликации за регионот.

Пола Пињо рече дека неизвесно е дали со Фон дер Лајен ќе пристигнат и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста или високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас.

Фон дер Лајен имаше телефонски разговор со Ердоган на 10 декември, по што таа ја најави својата посета на Туркије на почетокот на следната недела.

По избувнувањето на судирите на 27 ноември меѓу антирежимските групи и силите на режимот на Асад, Башар Асад и неговото семејство побегнаа во Русија во неделата, откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск, означувајќи го падот на режимот на партијата Баат, кој беше на власт во Сирија од 1963 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни