Легендарниот хрватски фудбалер и тренер Роберт Просинечки е нов тренер на репрезентацијата на Црна Гора, објави тамошниот фудбалскиот сојуз.
„Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Црна Гора го назначи Роберт Просинечки за селектор на „А“ репрезентацијата на Црна Гора. Новиот селектор е избран со едногласна одлука на членовите на сојузот и со него ќе потпише едногодишен договор. Просинечки ќе го потпише договорот во недела на 4 февруари, по што ќе биде претставен на прес-конференција закажана за 13 часот во Куќата на фудбалот. Хрватскиот стручњак е седми селектор во историјата на нашата репрезентација и на таа функција ќе го наследи Миодраг Радуловиќ. Претходно „соколите“ од клупата ги предводеа Зоран Филиповиќ, Златко Крањчар, Бранко Брновиќ, Љубиша Тумбаковиќ и Фарук Хаџибегиќ,“ соопштија од ФС на Црна Гора.
По блескавата играчка кариера, во 2006 година, како помошник на Славен Билиќ во хрватската репрезентација, хрватскиот стручњак започна тренерска кариера во која ги предводеше Црвена звезда, Кајзери, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Денизли, Олимпија и Рудеш.
Тој ќе дебитира на клупата на пријателските натпревари во март против Белорусија и Северна Македонија.