Шпанија го освои ФИФА Светското првенство за жени / Photo: AA

Шпанија во неделата ја совлада Англија со 1-0 и за првпат го освои Светското првенство за жени на ФИФА кое се одигруваше во Австралија и Нов Зеланд.

Шпанските фудбалерки го „скршија мразот“ во 29. Минута кога Олга Кармона одлично постигна гол со левата нога од непосредна близина на голот на Англичанките.

Во 70. минута, Шпанија ја пропушти златната шанса да го удвои водството против Англија кога пеналот на Џенифер Хермосо го одбрани Мери Ерпс.

Финалето се играше на стадионот во Сиднеј, Австралија.

Шпанија доби рекордни 10 милиони долари

Наградниот фонд за турнирот во 2023 година беше 110 милиони долари, што е повеќе од 30 милиони долари od претходниот турнир во 2019 година.

Шпанија освои рекордни 10 милиони долари како победник на турнирот, додека Англија доби 7,5 милиони долари како второпласирана.

САД се најдоминантната сила во женскиот фудбал, откако освоија четири титули во првите осум Мундијали - 1991, 1999, 2015 и 2019 година.

Претходно во саботата, Шведска извојува победа од 2-0 над Австралија во натпреварот за третото место со головите на Аслани и Ролфо на стадионот Бризбејн.

TRT Balkan / агенции
Популарни