Американскиот претседател Бајден по грешка Зеленски го нарече Путин

Американскиот претседател Џо Бајден повикувајќи го на сцената украинскиот претседател Владимир Зеленски рече: „Господа, дами, пред вас е претседателот Путин.“

Претседателот Бајден се обрати на церемонијата на потпишување на „Украинскиот договор“ во рамките на самитот на НАТО.

Зборувајќи дека сите се обединети против бруталната војна на рускиот претседател Владимир Путин, Бајден нагласи дека заедно ќе дејствуваат за да ги заштитат слободата и иднината на Украина.

Бајден рече дека тие се обединети за светски поредок во кој слободните земји, како што е Украина, не се плашат од „соседите тирани“.

Американскиот претседател, чие физичко и ментално здравје беа предмет на дискусија по дебатата со неговиот ривал Доналд Трамп што се водеше во живо, го повика украинскиот колега Зеленски на сцената со зборовите:

„Господа, дами, пред вас е претседателот Путин.“

AA
Популарни