Екстремните елементи на Хамас не го претставуваат целиот палестински народ, рече Бајден / Photo: AA

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во неделата дека израелската окупација на Газа би била „голема грешка“.

„Она што се случи во Газа, според мене, е Хамас, а екстремните елементи на Хамас не го претставуваат целиот палестински народ. И мислам дека би било грешка Израел повторно да ја окупира Газа, но да влезе внатре и да ги отстрани екстремистите, Хезболах е на север, а Хамас на југ, е неопходен услов“, рече Бајден во интервју за „60 минути“ на Си-Би-Ес.

Изјавувајќи дека верува оти Израел ќе ги почитува правилата за војна во Газа, Бајден рече дека жителите на Газа ќе имаат пристап до храна, вода и лекови.

Тој рече дека Хамас мора целосно да се елиминира, но дека мора да има палестинска управа, додавајќи дека „мора да има пат до палестинска држава“.

Истакнувајќи дека „решението за две држави“ е американска политика со децении, Бајден додаде: „Тоа би создало независна нација за пет милиони Палестинци покрај Израел .

Изјавата на Бајден дојде поради информациите дека израелската војска се подготвува да започне „значајни копнени операции“.

САД и Израел разговараат за посетата на Бајден следната недела, објавија медиумите, вклучително и Аксиос и Си-Ен-Ен, цитирајќи официјални претставници од двете земји.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го покани Бајден во Израел во телефонски разговор во саботата.

AA
Популарни