Бајден: САД не размислуваат за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја

Бајден: САД не размислуваат за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја

Американскиот претседател го отфрли претходното тврдење на неговиот јужнокорејски колега.
Бајден: САД не размислуваат за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја        Фото: Ројтерс

Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД) Џо Бајден изјави дека Вашингтон не разговара за заеднички нуклеарни вежби со Јужна Кореја наспроти заканите од Северна Кореја.

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол претходно во интервју за весникот „Чосун Илбо“ изјави дека Сеул и Вашингтон се вклучени во дискусии за спроведување на заеднички вежби со употреба на нуклеарни средства за ефективно одвраќање и дека Вашингтон е доста позитивен во однос на идејата.

Сепак, Бајден накратко и категорично ги отфрли тврдењата на јужнокорејскиот колега.

Тензиите на Корејскиот полуостров повторно се зголемија откако Северна Кореја лансираше десетици проектили минатата година во серија тестови на оружје, вклучително и интерконтинентални балистички ракети.

AA
Популарни