САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина

Соединетите Американски Држави денес признаа дека го одобриле барањето на Украина за употреба на оружјето доставено од САД за изведување напади на руска територија.

„Во текот на изминатите неколку недели, Украина побара од нас дозвола да го користи оружјето што и го даваме за одбрана од оваа агресија, и против руските сили кои се собираат на руската страна од границата, а потоа напаѓаат во Украина. Тоа дојде директно до претседателот. И, како што слушнавте, тој ја одобри употребата на нашето оружје за таа цел“, рече државниот секретар Ентони Блинкен на прес-конференција во Прага, по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО.

Ова е втор пат годинава Бајден тивко да ја попушти својата политика за испраќање оружје во Украина. Претходно, тој ги исполни барањата за испраќање ракети со долг дострел АТАЦМС во Киев.

САД се најголемиот снабдувач на оружје за Украина, која се соочува со руска инвазија од февруари 2022 година.

TRT Balkan / агенции
Популарни