„Сега апсолутен приоритет е да се спречи понатамошно де факто принудно раселување од Газа, што е законски забрането и морално неприфатливо“, рече Борел. / Photo: Josep Borrel/Social media

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека сега апсолутен приоритет е да се спречи „ново де факто принудно раселување“ од Газа.

Во написот објавен оваа недела од францускиот весник „Ле Монд“, Борел истакна дека повеќе од 80 отсто од населението веќе е раселено во опколената палестинска енклава, и рече дека „во хуманитарна смисла ситуацијата е ужасна“.

„Сега апсолутен приоритет е да се спречи понатамошно де факто принудно раселување од Газа, што е законски забрането и морално неприфатливо“, рече Борел.

Борел истакна дека трите приоритети се по секоја цена да се спречи проширувањето на израелско-палестинскиот конфликт во Либан, да се ублажи катастрофалната ситуација во Газа и да се отвори патот за решение на израелско-палестинскиот конфликт.

„Иако овие три прашања очигледно имаат своја динамика, во реалноста тие се целосно испреплетени“, додаде тој.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа на 7 октомври минатата година по прекуграничниот напад на Хамас, во кој официјален Тел Авив тврди дека загинале околу 1.200 луѓе.

Најмалку 24.285 Палестинци се загинати, а 61.154 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти вчера Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

Според податоците на Обединетите нации, 85 отсто од населението во Газа е внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата е оштетена или уништена.

AA
Популарни