Бројот на загинати Палестинци во израелските напади порасна на 24.100 / Photo: AA

Најмалку 24.100 Палестинци загинаа, а 60.834 се повредени во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври, соопшти денес Министерството за здравство во опколената палестинска енклава.

„Израелската окупација (окупациски сили) изврши 12 масакри врз семејства во Појасот Газа, што резултираше со 132 загинати и 252 повредени во изминатите 24 часа“, соопшти Министерството.

Според Обединетите нации, 85 отсто од населението на Газа е веќе интерно раселено поради акутниот недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Габрејесус, вчера изјави дека „населението во Газа живее во пекол“ и дека „никаде не е безбедно“.

Во објавата на платформата X, тој истакна: „Сто дена и понатаму продолжува, непрекинатата несигурност и страв не можат да се изразат со зборови. Мора да се направи сè за да се стави крај на насилството за да се спречат уште непотребни жртви и повредени лица. Ослободете ги заложниците сега. Примирје СЕГА!“

AA
Популарни