Ердоган и Ал Судани на состанок во Анкара / Photo: AA

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го пречека ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал Судани со официјална церемонија во главниот град Анкара.

„Ердоган и Ал Судани ќе одржат средба во Претседателскиот комплекс, по што ќе следуваат состаноци на делегациите и заедничка прес-конференција“, соопшти Дирекцијата за комуникации при Кабинетот на претседателот на Туркије.

Се додава дека лидерите ќе разменат мислења за односите меѓу Туркије и Ирак, борбата против тероризмот, обновата на Ирак и заедничките чекори кон подобрување на соработката, особено во областа на трговијата и енергетиката.

Тема на разговор ќе бидат регионалните и глобалните прашања.

Се очекува на средбите да бидат потпишани повеќе договори што ќе придонесат за договорна основа на билатералните односи.

Туркије силно го поддржува територијалниот интегритет, суверенитет и политичкото единство на Ирак.

AA
Популарни