Туркије на релевантните платформи соопшти дека не може да има траен мир во регионот без еднаква безбедност и суверенитет за Палестинците, рече Фидан / Photo: AA

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денес изјави дека актуелните настани на Блискиот Исток укажуваат на тоа дека тримесечната војна во Газа се проширува во нешто пошироко.

„Не е погрешно да се види дека она што се случи во Црвеното Море, Сирија и Ирак навестува дека спиралата на војната во Газа постепено ќе се претвори во поголем вител“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ- Радман во главниот град Анкара.

„Туркије на релевантните платформи соопшти дека не може да има траен мир во регионот без еднаква безбедност и суверенитет за Палестинците“, додаде Фидан.

Израел започна немилосрдни воздушни и копнени напади врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на Хамас во кој Тел Авив вели дека се загинати 1.200 луѓе.

Според палестинските здравствени власти, оттогаш во израелските напади загинати се најмалку 24.285 Палестинци, главно жени и деца, а 61.154 се повредени.

Според Обединетите нации, 85 отсто од населението на Газа е веќе внатрешно раселено поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, додека 60 отсто од инфраструктурата на енклавата е оштетена или уништена.

AA
Популарни