„Франција мора да ја запре продажбата на оружје на Израел“ / Photo: AA Archive

Претставникот на „Амнести интернешнал“ во Франција, Жан-Клод Самуилје, предупреди на ризикот од геноцид во Појасот Газа и го повика францускиот претседател Емануел Макрон да ја запре продажбата на оружје на Израел.

Самуилје испрати писмо до претседателот Макрон во кое отворено укажува на големата опасност од геноцид во Појасот Газа, кој се соочува со брутални напади од страна на Израел, кој е обвинет за геноцид.

Тој побара Франција веднаш да престане да му испраќа воена опрема на Израел.

Како што појасни, правото на самоодбрана може да се користи само во рамките на јасните правила на војувањето.

Самуилје нагласи дека Израел, исто така, мора да ја испочитува одлуката што ја донесе Меѓународниот суд на правдата (МСП) на 26 јануари, додавајќи дека сите држави се должни да го следат спроведувањето на прелиминарните одлуки на МСП.

„Тоа бара траен прекин на огнот и запирање на испораката на оружје и воена опрема на Израел, како што Амнести интернешнал повторува со месеци. Како земја потписничка на Конвенцијата за геноцид, Франција мора да ја исполни обврската да го спречи геноцидот“, рече Самуилје.

Тој потсети дека некои држави, како Шпанија, веќе престанале да извезуваат оружје во Израел.

Во нападите на Израел, кој е обвинет за геноцид, во Појасот Газа од 7 октомври досега се убиени 29.195 Палестинци.

По обвинението за геноцид што го поднесе Јужноафриканската Република, Меѓународниот суд на правдата на 26 јануари пресуди дека Израел мора да се воздржи од какви било активности поврзани со убивање, напади и уништување на жителите на Газа и да ги преземе сите мерки за да спречи геноцид.

Меѓутоа, израелските сили и понатаму продолжуваат со нападите врз Појасот Газа.

Според податоците на Обединетите нации, поради израелските напади, 85 отсто од населението на Појасот Газа е интерно раселено и се соочува со акутен недостаток на храна, чиста вода и лекарства, додека околу 60 отсто од инфраструктурата во Појасот Газа е оштетена или уништена.

AA
Популарни