Лакорну: Има многу кризи каде што НАТО не е погоден и Франција сама извршува операции / Photo: АА

Францускиот министер за одбрана Себастијан Лекорну денеска изјави дека планира создавање европски интервентни сили кои би функционирале од 2025 година.

„Има многу кризи каде што НАТО не е погоден и каде Франција сама врши операции. Јасен пример е евакуацијата на нашите граѓани од земјите во криза“, изјави Лекорну за телевизијата Франс 2.

Тој додаде дека проектот за интервентни сили ќе има за цел брзо да ги обезбеди сите европски граѓани.

Лекорну рече и дека веќе почнал да разговара за планот со европските колеги, така што тие ќе бидат готови следната година.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера го повтори својот предлог да се формираат такви сили за зајакнување на европскиот суверенитет во одбраната.

TRT Balkan / агенции
Популарни