Министрите ги осудија „руските обиди да го користи како оружје извозот на енергија и да ја користи енергијата како алатка за геополитичка принуда“.     Фото: Ројтерс

Групата Г-7 ја осуди Русија „дека ја користи енергијата како оружје“ и вети дека ќе работи на нови мерки за да се запре Москва „од профитирање во нејзината војна“ во Украина.

Високите претставници од групата Г-7, група на најнапредните светски економии - Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија, САД и ЕУ - објавија заедничка изјава за енергетската безбедност.

Министрите ги осудија „руските обиди да го користи како оружје извозот на енергија и да ја користи енергијата како алатка за геополитичка принуда“.

Тие ветија дека ќе разгледаат нови мерки „за да ја спречат Русија да профитира од нејзината војна“, вклучително и „сеопфатна забрана на сите услуги кои овозможуваат транспорт на руска сурова нафта преку море и нафтени деривати на глобално ниво“.

Од Г-7, исто така, се соопштува дека Москва не е „доверлив снабдувач на енергија“ и ветија дополнително намалување на зависноста од руските фосилни горива и цивилната нуклеарна технологија.

Групата Г-7 се обврза и на заедничко дејствување за да ги олесни последиците од прекините во снабдувањето со енергија на сопствените пазари и да ја поддржи енергетската стабилност преку помагање на земјите со низок и среден приход.

Документот повторно ја потврди посветеноста на земјите од Г-7 за климатска неутралност.

Во соопштението се повторува „осудата на руската брутална, неиспровоцирана, неоправдана и нелегитимна војна против Украина“ и се повикува Москва веднаш да ги повлече нејзините сили од Украина.

AA
Популарни