Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах предупреди дека Германија бележи постојат раст на бројот на случаи со Ковид-19 повикувајќи ги повозрасните луѓе да ја примат бустер дозата на вакцините за да се заштитат од нови варијанти на коронавирусот.
Лаутербах за новинарите во Берлин изјави дека и другите европски држави, како што се Франција, Данска и Холандија, бележат пораст на случите со Ковид-19.
„Јасно е дека сме на почетокот на зимскиот бран“, нагласи Лаутербах.
Германските здравствени институции забележаа 96.367 нови случаи на Ковид-19 во последните 24 часа, што е двојно повеќе отколку пред недела дена.
Од сабота во 16 германски сојузни држави повторно можат да се воведат мерки против ширење на коронавирусот како што е обврската за носење маски во здравствениот простор.