Продолжуваат вооружените тензии на границата меѓу Либан и Израел / Фото: AFP

Хезболах извести дека извршил пет напади врз израелски воени цели во пограничната област од јужен Либан.

Движењето Хезболах во Либан, поддржано од Иран, објави дека базата Бранит, која се наоѓа на границата со Израел, била погодена три пати во различни периоди од проектили Буркан од иранско производство, наведувани проектили и артилериски оган.

Наведено е дека цел на ракетен и артилериски оган биле и израелската населба Метула и воената позиција Рамја, а меѓу израелските војници има мртви и ранети.

Израелската Армија објави дека извршила напад врз одредени цели на Хезболах во Либан.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека воените авиони извршиле воздушни напади врз цели на Хезболах во градовите Хијам, Мансури, Алма ал Шааб и Јатр во јужен Либан.

Во судирите меѓу израелската Армија и Хезболах на граничната линија од 8 октомври 2023 година загинаа 276 членови на Хезболах, 54 либански цивили, 18 на движењето Амал, 13 на Хамас, 12 членови на Исламски џихад, 7 израелски цивили и 11 војници.

AA
Популарни