Израелскиот премиер Нетанјаху  ги игнорира глобалните предупредувања за хуманитарна катастрофа / Фото: AA

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди купување на 40.000 шатори од Кина за да бидат поставени во опколената Газа, објавија израелските медиуми, како подготовка за копнена инвазија на Рафа, каде што засолниште побараа над 1,5 милиони раселени Палестинци.

Одлуката доаѓа откако Нетанјаху ги минимизираше глобалните стравувања за хуманитарна катастрофа доколку Израел ја изврши планираната копнена инвазија во најјужниот град во Газа.

Тој истакна дека цивилите ќе можат да избегаат од борбите во други делови на Газа која е речиси целосно разурната од војната.

Нетанјаху пред делегацијата на американскиот Конгрес што го посети Израел рече дека луѓето што се засолнуваат во Рафа ќе можат да се оддалечат од борбите.

„Луѓето постојано се движат, тие се движат со своите шатори. Луѓето се преселија на југ. Тие можат и да се вратат на север“, рече Нетанјаху во своите бесчувствителни забелешки.

TRT World
Популарни